Конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации

Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“, објавува:

К О Н К У Р С
за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации

Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти од мрежи на граѓански организации преку доделување 6 мали грантови во износ од 1500-2500 евра со цел активно вклучување на граѓаните  во работата на локалната самоуправа вo Скопје, Тетово, Дебар, Велес, Штип и Струмица.

Грантовите ќе бидат доделени на граѓански организации регистрирани во РМ според Законот за здруженија на граѓани и фондации кои ќе претставуваат локални мрежи составени од најмалку 5 организации. Намената на грантовите е поддршка за спроведување локални иницијативи надочени кон решавање конкретни проблеми во заедниците со користење на новите технологии за активно граѓанско учество, преку поврзување и влијание на единиците на локална самоуправа, други владини тела и заинтересирани страни. Шесте мрежи ќе бидат вклучени во програма за подигање на капацитетот која опфаќа обуки и менторирање за да можат заеднички поквалитетно да придонесат кон развојот на транспарентност и отчетност на локално и национално ниво.

Целосниот опис на повикот, како и формуларот за аплицирање може да ги најдете на следните линкови:

Краен рок за пријавување: 19 јануари 2015

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации за конкурсот, испратете порака по е-пошта на Елена Игнатова на elena@metamorphosis.org.mk.

 

This entry was posted on вторник, декември 16th, 2014 at 14:35 and is filed under Некатегоризирано. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply