Граѓанските организации –столб на демократијата

Ако граѓанските организации се столб на демократијата и секако нејзин производ, дали во своите редови инкорпорираат и членови-пушачи? Дали една од нив се изјасни по однос на новиот Закон за забрана за пушење. Да не бидам погрешно разбрана, немам ништо против новиот закон. А како и би имала, кога како пушач, јас не сум ни удостоен да ме третира. Забранети ми се јавни простори,поточно ме има, ако ме нема – КАКО ПУШАЧ.

ДАЛИ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ОД ОТВОРЕН ТИП?

Драги невладини, ако правото на избор е основа на демократијата, дали јас како пушач имам право на избор? Или можеби темата е премногу тривијална за вас?
Денес е загрозено мое право, утре некое право за кое вие работите. Дали ВИЕ ќе молчите и само ќе се фокусирате на проекти и проектни активности или вашите набилдани знаења и искуства ќе ги искористите во корист на различни групи граѓани. Јас сум еден од нив-граѓаните. Ќе ми ја изразите ли вашата поддршка?
Ако не за друго, нека ви биде мала вежба како се прави кампања за промена на некоја државна политика, која не е во интерес на висок процент на граѓани.
Проактивни- Активни- Пасивни-Изборот е Ваш, ама и наш- на граѓанството.

This entry was posted on четврток, април 29th, 2010 at 12:18 and is filed under Некатегоризирано. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply